Со Томислав Јагуриновски и Ловро Јотиќ, екипата на Вардар го формираше ростерот со кој ќе настапува во новата сезона.
Јагуриновски е репрезентативец на Македонија и по неколку години се враќа во тимот од „Јане Сандански“ каде ќе остане две сезони. Игра на позицијата десен бек.
За хрватскиот интернационалец Јотиќ ова ќе биде втора сезона во Македонија откако лани настапуваше за тимот на Еурофарм Пелистер од Битола. Јотиќ игра на позицијата среден бек.