Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ: Во Вардар ги остварив соништата, по голот со Барселона од возбуда не заспав цела ноќ
Циндриќ: Во Вардар ги остварив соништата, по голот со Барселона од возбуда не заспав цела ноќ

Циндриќ: Во Вардар ги остварив соништата, по голот со Барселона од возбуда не заспав цела ноќ

Хрватскиот репрезентативец, поранешниот вардарец Лука Циндриќ  во интервју за хрватските медиуми откри дел од периодот поминат во спор со Металург и доаѓањето во Вардар. Тој потенцира дека во црвено-црниот табор ги остварил своите ракометни соништа. Средниот бек со нашиот тим ја освои ЕХФ Лигата на шампионите во 2017 година.

Најтежок период во мојата кариера ми беше кога бев на суд со Металург, зашто не сакаа да ми дадат исписница. Беше тогаш тоа една лоша атмосфера, една лоша ситуација. Клубот се распаѓаше, платите не се исплаќаа по четири-пет месеци, хаос… Потоа дојдов во Вардар и тогаш се појави таа уште поголема желба, инат. Нормално се поклопи сè и супер тренер во Раул Гонзалез, со кого напредував некако и најмногу. Во Вардар си ги остварив соништата. Од секогаш како дете си замислував како го давам победничкиот гол во последна секунда од важен меч. Тие соништа те туркаат напред, сакаш да ги оствариш. Пазете, јас ѝ давам гол на Барселона, на својот омилен клуб. Беше тоа што не се опишува. Таа ноќ не можев да спијам од возбуда. Тоа е нешто што веројатно се случува еднаш во животот“