Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци полека се комплетираат, Чупиќ последен ќе пристигне на подготовките
Вардарци полека се комплетираат, Чупиќ последен ќе пристигне на подготовките

Вардарци полека се комплетираат, Чупиќ последен ќе пристигне на подготовките

Вардарци полека се комлетираат, па се очекува во сабота да го одржат и првиот собир и со тоа да означат старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Во следниве два дена, во Скопје треба да пристигнат и останатите засилувања, за да се комплетира ростерот. Во петок е закажано тестирање на играчите за „Ковид-19“, па следниот ден, тренерот Алушовски треба го има и првото обраќање кон играчите.

Од новите засилувања, во Скопје, веќе пристигнаа Кантегрел и Гаџа, од староседелците додека трае пандемијата со корона вирусот, во Македонија решија да останат Дибиров и Калараш, додека во Скопје пристигна и Дисингер, а последен на подготовките треба да се приклучи Чупиќ.

Македонските клубови се уште го очекуваат протоколот од министерството за здравство, за текот на тренинзите и програмата по која ќе може да се работи. Не е исклучено првите денови да се тренира и на отворено, а се зависи како ќе продолжи актуелната ситуација со вирусот.

Вардар планира да игра на турнирот во Струга, како и на Кањижа Купот, каде ќе се подготвува за финишот од СЕХА-лигата, каде најпрво треба да го одигра реванш мечот од 1/4 финалето против Нексе, а потоа и да настапи на Ф4 турнирот, каде го брани трофејот освоен од минатата сезона.