Европскиот ракометен Шампион, тимот на Вардар, ќе биде дел од 48.издание на традиционалниот Струшки турнир. Истиот ќе се одржи во периодот од 12-16.август на кој е предвидено да настапат осум екипи.
Поради пандемијата со корона вирусот, оваа година турнирот во Струга ќе биде исклучиво со екипи од Македонија, кои треба да бидат поделени во две групи.
Вардар потврди уште еден турнир на кој ќе земе учество, во периодот од 21-23.август ќе настапиме на „Кањижа Купот 2о20“ на кој покрај Вардар своето учество го најавија и тимовите на Пик Сегед и Нексе.