Годинава ќе се одржи „јубилејното“ 50.издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга. Организаторот ги потврди сите осум екипи кои ќе се борат за трофејот на турнирот во Струга.
Од нашата земја ќе се натпреваруваат пет екипи, тоа се Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел, Алкалоид и домаќинот Струга. Од странство доаѓаат екипите на АЕК, Целје ПЛ и Татран Прешов.
Струшкиот турнир ќе се одигра во периодот од 16-20.август, а Вардар е актуелен освојувач на истиот откако во ланското финале беше подобар од тимот на Е.Пелистер.