Познат е терминот во кој, РК Вардар на домашен терен ќе го пречека тимот на Нексе, на единствениот натпревар кој ќе реши кој тим ќе се пласира на завршиот турнир во СЕХА-лигата.
На 23.август во Скопје, црвено-црните се домаќини на екипата на Нексе. во случај на победа, нашиот Шампион ќе игра на Ф4 турнирот кој во периодот од 2-4.септември ќе се одржи во Задар. Во наредниов период ќе биде познат и часот на одигрување на 1/4 финалниот натпревар со Нексе.