Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Металопластика ќе биде противник на Вардар во 1/8 финалето на СЕХА
Металопластика ќе биде противник на Вардар во 1/8 финалето на СЕХА

Металопластика ќе биде противник на Вардар во 1/8 финалето на СЕХА

Екипата на Металопластика ќе биде противникот на Вардар, во осмина-финалето од СЕХА-лигата. Црвено-црните завршија на третото место во групата Б, што значи дека за противник во следната елиминациска рунда го добиваат тимот на Металопластика кој ќе заврши како четвртопласиран во групата А.

Вардар имаше можност да започне од 1/4 финалето, но таа варијанта не им изгледаше идеална, со оглед дека таму за противник ќе го имаа тимот на Веспрем, кој ќе игра против Нексе во четврт-финалето. Вардар е голем фаворит на двомечот со српскиот претставник, па во 1/4 финалето за противник најверојатно ќе ја има екипата на ППД Загреб која има најголеми шанси да го освои првото место во групата А.

Осмина-финалните натпревари ќе се одиграат во мај, додека 1/4 финалните дури во август. Завршниот турнир на најдобрите четири екипи е предвиден да се одигра на почетокот на месец септември во градот Задар.