Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Познат распоредот на одигрување натпревари за вториот дел од сезоната, во ракометната младинска група 2
Познат распоредот на одигрување натпревари за вториот дел од сезоната, во ракометната младинска група 2

Познат распоредот на одигрување натпревари за вториот дел од сезоната, во ракометната младинска група 2

Екипата на Рк Вардар Јуниор предводена од тренерот Зоран Петковски ќе го стартува вториот дел од сезоната на второто место, со ист број на бодови со екипата на Рк Пролет 62. Оваа екипа се натпреварува во младинската група број 2 и по првиот дел од сезоната забележа четири победи и еден нерешен резултат. Само две екипи од двете групи, ќе изборат пласман на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во младинска конкуренција. Црвено-црните не би требало да имаат никакви проблеми за оставрување на оваа цел. Екипата Рк Пролет е наш најголем противник за првото место, откако на првиот дуел во Јане Сандански одигравме со нерешен резултат, додека вториот наш ривал, тимот на Металург моментално е на треттата позиција. Вардарци во есенскиот дел со цел плен се вратија од гостувањето во Автокоманда, откаком со пресврт во вториот дел издвојувавме победа.

Ова е распоредот на одигрување натпревари во вториот дел од сезоната во малдинската група 2.

6 коло  12/13.03. 2016

ГРК Борец- Вардар Јуниор

7 коло 19//20.03. 2016

Пролет 62- Вардар Јуниор

8 коло 26/27.03.2016

Вардар Јуниор- Радовиш

9 коло 02/03.04.2016

Зомимак М- Вардар Јуниор

10 коло 16/17.04.2016

Вардар Јуниор- Металург

Завршниот турнир е планиран да се одигра на 14-15 мај. Домаќинот на најдобрите четири екипи ќе биде дополнително одреден.