Веќе два месеци, можеби и повеќе, навивачите на ЖРК Вардар ги мачи една нејасна работа. А тоа е, најдобрата ракометарка на светот за 2013 година и сегашен член на ЖРК Вардар Андреа Лекиќ. Статусот за следната сезона на популарната Леќи сеуште не е познат. Договорот на Лекиќ со ЖРК Вардар истекува на крајот од оваа сезона, па затоа нејасно е дали ќе потпише Лекиќ нов договор или ќе си замине од Вардар. Низ овие неколку месеци се шпекулира многу за Андреа, повеќе се зборува дека е пред излезна врата од Вардар, отколку да остане, но нашите извори не велат така.
Нашите извори велат дека Лекиќ би можела веќе во наредните неколку денови да потпише нов договор со ЖРК Вардар, и да остане и четврта сезона во македонскиот шампион, а можеби и петта. Несомнено за Лекиќ постои и заинтересираност од други европски екипи, но сите посакуваме Леќи да остане уште некоја сезона во црвено – црниот дрес. Инаку, нов договор со Вардар потпиша и Радичевиќ. Јованка заедно со Лекиќ дојдоа во ЖРК Вардар во 2013 година од тимот на Ѓер, па посакуваме таа традиција да продолжи и овој пат, и двете ракометарки да останат да играат за еден исти тим.