Во петок ЖРК Вардар ќе го одигра последниот натпревар од главната фаза во ЛШ. Нашите девојки оваа фаза ќе ја заокружат против Савехов во Шведска. Вардарки имаат одлична серија од три победи во низа. Најпрвин падна токму Савехов во Скопје и тоа со убедливи 37-25, потоа Вардарки продолжија со победите, на ред беше Романија и тимот на Букурешт, овој натпревар нашите девојки го добија со резултат 25-30, за уште еден триумф да запишеме против ни помалку ни повеќе, Европскиот првак Будуќност. На таа средба Вардарки докажаа дека се во одличен победнички ритам, на оваа средба која се одигра во неделата нашиот тим победи со резултат 26-24.
Очекуваме четвртата победа во низа да дојде во петок токму против тимот на Савехов кој во Скопје беше демолиран со 12 голови разлика. Ова ќе биде и последен натпревар за нашите девојки од оваа фаза. во 1/4 финалето Вардарки би можеле да се сретнат со Ларвик, Баја Маре или пак со Ференцварош.