Денес е голем ден за ракометниот клуб Вардар и Македонскиот ракомет. Денес со почеток од 18 часот, црвено-црните го иргаат полуфиналето во ЛШ, против екипата на Барселона. Играме одлично преку цела сезона, а круна на сето сработено би било трофеј од лигата на шампиони. Тренерот Гонзалес веќе го објави составот, кој денес ќе се спротивстави на шампионот на Шпанија. Составот е очекуван, без некои промени и изненадувања, највано е што сите се подготвени за денешното полуфинале.
РК Вардар: Абутовиќ, Борозан. Кањелас, Циндриќ, Чупиќ, Деревен, Дибиров, Душебаев, Фереира, Карачиќ, Македа, Марсениќ, Милиќ, Шишкарев, Штербик, Стоилов.
Натпреварот оди со директен пренос на МРТ-1. Цреќно момци, израдувајте ја цела Македонија.