Вардаровата генерација 2006 ја заврши групната фаза на турнирот во Приморско. Нашите млади момчиња уште вчера го заверија пласманот во полуфиналето, денеска натпреварот против Аполон Крагујевац немаше никакво резултатско значење.
Овој дуел заврши со резултат 1:1, голот за Вардар го постигна Давид Голубов по одлична асистенција на Дарко Сековски. Сега вардарци во 17 часот ќе го одиграат натпреварот од полуфиналето.