Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дојде и овој ден, момци срце на терен “црвено – црната” армија навивачи е со вас!
Дојде и овој ден, момци срце на терен “црвено – црната” армија навивачи е со вас!

Дојде и овој ден, момци срце на терен “црвено – црната” армија навивачи е со вас!

Дојде и овој ден. Денеска сите погледи ќе бидат вперени кон Келн и завршниот турнир на најдобрите четири Европски ракометни екипи оваа сезона. Сите денеска со нетрпение чекаме 18 часот и старт на натпреварот на Вардар и Барселона. Армијата “црвено – црни” навивачи е подготвена, поголем дел од нив ќе навиваат преку малите екрани, но и дел од нив ќе бидат во салата во Келн каде од лице место ќе му даваат поддршка на тимот на Вардар.

Момци “изгинете” на терен, покажете и докажете дека неслучајно сте на овој завршен турнир. Иако како дебитанти, сепак играчите на Гонзалес имаат што да кажат на овој натпревар и на целиот турнир. Денеска нема да се преоптоваруваме со sвездите на Барса и нивната игра, денеска ќе мислиме само на Вардар и претставата на нашите ракометари. Убедени сме дека вардарци горат од желба да се надмудруваат со големото име на Барселона.

Досега немаме победа против овој Шпански гигант, во Скопје на два наврати за малку ни се извлекуваа, оваа сезона е моментот црната серија да се промени. Денеска е денот кога Вардар ќе ја “падне” Барселона!