Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пет играчи од РК Вардар во составот на младинската селекција, за денешниот дуел со Италија
Пет играчи од РК Вардар во составот на младинската селекција, за денешниот дуел со Италија

Пет играчи од РК Вардар во составот на младинската селекција, за денешниот дуел со Италија

Денес со почеток од 18:00 часот во С.Ц. Борис Трајковски, младинската ракометна репрезентација го игра вториот дуел на ЕХФ Шампионатот. Противник за Македонија ќе биде соодветната селекција на Италија.

Селекторот Данило Брестовац го објави списокот од 16-те ракометари, на кои ќе смета за денешниот дуел. Повторно на списокот се најдоа пет ракометари од Вардар. Тоа се Марко Кизиќ, Дејан Кукуловски, Марко Мишевски, Стефан Атанасовски и Иван Димитровски.

Во првото коло, нашите надежи убедливо ја поразија селекцијата на Велика Британија.