Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на ЖРК Вардар ги дознаа противниците и распоредот за новата сезона
Пионерките на ЖРК Вардар ги дознаа  противниците и распоредот за новата сезона

Пионерките на ЖРК Вардар ги дознаа противниците и распоредот за новата сезона

Веќе се познати противниците во нашата група во женската пионерска лига за сезоната 2018/2019. Покрај тоа познат е и целосниот распоред на натпреварите во есенската полу-етапа од ова конкуренција. Во Група-1 покрај ЖРК Вардар ќе играат тимовите на: Делчево, Ѓорче, Металург, Гостивар и Куманово. Ова е распоредот на есенските дуели. Оваа генерација на ракометарки, повторно од клупата ќе ги предводи, Анжела Платон. Остануваат сите играчи од минатата сезона, а екипата ќе биде засилена со 3-4 нови, кои дополнително ќе ги објавиме. Подготовките за новата сезона ќе започнат на почетокот на месец август.

  1.  Вардар-РК Делчево,  08/09.09.2018
  2. Вардар- РК Ѓорче,  15/16.09.2018
  3. ЖРК Металург- Вардар,  22/23.09.2018
  4. Вардар- ГРК Гостивар,  29/30.09.2018
  5. ЖРК Куманово- Вардар,  06/07.10.2018

*Ова се петте кола кој ќе се играат во есенскиот дел, напролет ќе се игра по исти распоред со заменети домаќинства, термините за тие мечеви ќе се одредат дополнително.