Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Познат составот на РК Вардар 2 за следната натпреварувачка сезона во првата ракометна лига, под водство на Зоран Петковски
Познат составот на РК Вардар 2 за следната натпреварувачка сезона во првата ракометна лига, под водство на Зоран Петковски

Познат составот на РК Вардар 2 за следната натпреварувачка сезона во првата ракометна лига, под водство на Зоран Петковски

Екипата на РК Вардар 2 во следната натпреварувачка сезона ќе биде предводена од клупата од Зоран Петковски, која ќе се натпреварува во првата ракометна лига. Овој тим ќе се обиде да го повтори успехот на нивните колеги од изминатава сезона, каде го освоија одличното второ место. Иако не успеаа да обезбедат пласман во најсилната супер, голем дел од момците ќе ја имаат можноста да играат во најсилната Македонска лига и тоа под водство на тренерот Петрушевски. РК Вардар 2 во сезоната 2016/2017 ќе биде составен од играчи кои изминатава сезона настапуваа во двете младински екипи и тоа РК Вардар и РК Вардар Јуниор, како и од играчи кои беа дел од РК Вардар 2, а кои останаа во екипата за повторно да се натпреваруваат во првата лига.

Вака ќе изгледа составот на РК Вардар 2 за следната сезона во првата ракометна лига:

1. Илија Трпевски (голман)

2. Јагош Брауновиќ ( голман)

3. Кристијан Стојов ( голман)

4. Андреј Петковски (голман)

5. Филип Дамчески

6. Стефан Чакалиќ

7. Никола Стоилевски

8. Никола Димитров

9. Алија Амзоски

10. Кристијан Лазов

11. Стефан Анастасовски

12. Андреј Мицановски

13. Дамјан Трајковски

14. Марио Гичев

15. Стефан Крстевски

16. Томче Трајановски

17. Христијан Ѓоршоски

18. Марко Мишевски

19. Милош Стошиќ

20. Дарко Димковски

21. Стефан Апостоловски

Избраниците на Зоран Петковски, посебно оние играчи кои мината сезона беа дел од младинските екипи конечно ќе ги добијат потребните натпревари, каде беа во дефицит со мал број на одиграни мечеви минатати години. Тоа се играчи на возраст од 16-18 години, од кои се очекува да имаат евидентен напредок во секој дел од ракометната игра.