Tuesday ,14 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ: Мора да се игра ангажирано на секој натпревар, и да пружиме максимум од нашите можности
Кастратовиќ: Мора да се игра ангажирано на секој натпревар, и да пружиме максимум од нашите можности

Кастратовиќ: Мора да се игра ангажирано на секој натпревар, и да пружиме максимум од нашите можности

Екипата на ЖРК Вардар ги дозна противниците со кои ќе игра во групната фаза од лигата на шампионите за натпреварувачката сезона 2016/17. Ждрепката сакаше да бидеме во групата Б заедно со екипите на Астраханочка (Русија), ФТЦ Будимпешта (Унгарија) и победникот од квалификациската група 2. Вардарки беа носители при извлекувањето, наоѓајќи се во првиот шешир заедно со екипите на Ѓер, Будуќност и Ларвик. Четврта последователна година ќе играме во најголемото ракометно натпреварување и ќе се обидеме а дојдеме до толку посакуваното финале. Новата сезона ќе ја отвориме на домашен терен против тимот на ФТЦ, во периодот од 14-16-ти октомври. Шефот на стручниот штаб, Индира Кастратовиќ за официјалниот сајт на клубот даде кратко видување за извлечената група, со напомена дека на секој меч мора да се игра максимално добро.

-Реално ние сме носители во групата и треба тоа да го покажаме на терен. Групата во која играме е добра, не е нешто силна, но ниту лесна. Мора да се игра ангажирано на секој натпревар, и да пружиме максимум од нашите можности. Да се држиме до нашата цел и нашата игра, вели Индира Кастратовиќ.

Астраханочка направи големо изненадување во шампионатот на Русија, откако успеа да излезе акко победник во дуелите со големиот фаворит Ростов Дон. Можеби не е изненадување, ако се знае дека нивни тренер е Евгениј Трефилов. Победникот во втората квалификациска група ќе се бара помеѓу екипите на Лајпциг, Бера Бера, Хипо и Гомељ.

-Само за Русинките немаме многу информации, но секако има време да се спремиме. Штом тие станале прваци на Русија, тогаш сигурно се квалитетни. За сите други ривали имаме сознанија. Од квалификациите очекувам во групата да ни се приклучи Лајпциг, иако во спортот секогаш е се можно, изјави Кастратовиќ за официјалната страна на клубот.