Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Петмината вардарци дел од руската репрезентација за дуелот со Унгарија
Петмината вардарци дел од руската репрезентација за дуелот со Унгарија

Петмината вардарци дел од руската репрезентација за дуелот со Унгарија

Денес прв настап на Европското првенство ќе има и руската репрезентација, во која настапуваат најмногу играчи од редовите на Вардар. Со почеток од 16:0о часот, Русија ќе одигра натпревар против селекцијата на Унгарија.

Тренерот на Русија, Едуард Кокшаров, го објави составот со кој ќе располага за овој натпревар. Во истиот се најдоа и пет ракометари од Вардар. Се работи за Тимур Дибиров, Павел Атман, Глеб Калараш, Сергеј Горбок и Данилл Шишкарев. Инаку во стручниот штаб на „зборнаја“ се наоѓа и Дејан Периќ, тренерот на голмани во Вардар.

Директен пренос од мечот ќе можете да проследите на телевизија Телма.