Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар без Гаџа и Карапaлевски, но со Додиќ и Ристовски ќе го „напаѓа“ Загреб
Вардар без Гаџа и Карапaлевски, но со Додиќ и Ристовски ќе го „напаѓа“ Загреб

Вардар без Гаџа и Карапaлевски, но со Додиќ и Ристовски ќе го „напаѓа“ Загреб

Вардар вечерва игра важен натпревар за пласман во следната елиминациска рунда. Доколку сакаме да продолжи „сонот“ оваа сезона во Лигата на Шампионите, вечерва ќе мораме да го победиме ППД Загреб.

Тоа сигурно нема да биде лесно, со оглед на проблемите со кои се соочува Давид Дејвис. Откако остана без Гаџа, на дуелот со Нексе се повреди и младиот Карапалевски, па вечерва во црвено-црниот дрес ќе дебитира Стефан Додиќ, кој има само два тренинга со Вардар. На голот се враќа и Ристовски кои заедно со Томовски ќе го сочинуваат голманскиот тандем. Вака изгледа составот на Вардар за дуелот со ППД Загреб.

vardar1

Натпреварот стартува од 20:45 часот во С.Ц. Јане Сандански.