Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар по 3/3 во плеј-офот, Деспина ни гостува во сабота
Вардар по 3/3 во плеј-офот, Деспина ни гостува во сабота

Вардар по 3/3 во плеј-офот, Деспина ни гостува во сабота

ЖРК Вардар има одличен старт на 2022 година, по две кола со две победи во плеј-офот во женската сениорска лига е лидер на табелата. Вардарки сега ги очекува нов, третти предизвик во овој сегмент пред паузата поради ЕХФ-неделата.

Во рамки на 3.коло сме домаќини, во салата при Спортскиот ценар „Јане Сандански“ ќе ја пречекаме  екипата на ЖРК Деспина од Прилеп. Девојките на Драгана Ристова и Александар Цачев ќе атакуваат на нова победа со цел да ја зачуваат лидерската позиција на табелата на која се сами со два бода пред двата конкуренти зад нив.

Натпреварот со прилепчанки се игра во сабота (26.февруари) со почеток во 14 часот и 30 минути.