Младиот пикер на Вардар, Стефан Атанасовски до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч во Ал Араби, во првенството на Катар.
Во потрага по минутажа, Атанасовски се реши среќата да ја побара надвор од земјата. Се работи за талентиран играч кој од 2016 година е дел од Вардар, кулб во кој ги помина сите младински категории.
Има настапи за Вардар во СЕХА-лигата, додека сезонава настапи и на гостувањето кај Пик Сегед на натпревар во Лигата на Шампионите. Исто така добиваше и шанса на натпреварите во домашната Супер Лига.