Вечерва со почеток од 20:45 часот во С.Ц. Јане Сандански, Вардар е домаќин на ППД Загреб, на натпревар од 12.коло во Лигата на Шампионите.
Вардар нема право на грешка и мора вечерва да го добие натпреварот со Загреб, директниот конкурент на црвено-црните за освојување на 6.место кое носи пласман во следната елиминациска рунда. Загреб е наш должник од есенскиот дел, кога не победи во својата арена со резултат 23:22.
После лошата серија од седум последователни порази во ЛШ, Вардар се врти на победите и тоа на тешкото гостување кај лидерот во групата, екипата на Монпелје. Тој триумф треба да биде пресвртница за црвено-црните до крајот на регуларниот дел во групата, каде остануваат да се одиграат уште три натпревари. Вардарци се уште се во игра и за 5.место на табелата, со оглед дека има само еден бод помалку од екипата на Елверум.
Давид Дејвис повторно ќе има проблеми околу составување на екипата за одлучувачкиот натпревар со Загреб. Надвор од екипата подолго време е Анте Гаџа, додека неизвесен е и Мартин Карапалевски, затоа денес треба да дебитира новото засилување Стефан Додиќ кој дојде од екипата на Охрид.
Загреб е искусна екипа предводена од поранешниот селектор на Македонија Ивица Обрван, кој има искусни играчи во составот, како Чупиќ, Обрановиќ,. Ивиќ, Муса и Гојун, па сигурно дека вечерва не очекува еден интересен и квалитетен натпревар.
Најверните вардарови навивачи, популарните Комити најавија масовно присуство за овој натпревар и голема поддршка за Вардар, која многу ќе му биде потреба за да се совлада Загреб. Со победа ќе ни бидат отворени „вратите“ за пласман во 1/8 финалето. Натпреварот ќе се емитува со директен пренос на Арена Спорт 2.