Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (ФОТО) Машкото финале кај генер. 2000/01 му припадна на РК Филип, трето место за екипата на Гостивар

(ФОТО) Машкото финале кај генер. 2000/01 му припадна на РК Филип, трето место за екипата на Гостивар

Денес на програмата се завршните натпревари на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов, на која ги дознаваме победниците. Во машкиот дел кај генерацијата родени 2000/01 година првото место му припадна на РК Филип, додека бронзениот медал е за РК Гостивар.

Во големото финале се сретнаа екипите на РК Филип и РК Илинден. Првиот гол на натпреварот беше постигнат дури во петтата минута за почетна предност на Филип-Вардар. Во следниот период гледаме цврста игра на двете страни, со игра гол за гол. Ниеден од тимовите не успева да се одлепи на разлика поголема од еден гол. Посебен акцент се ставаше на одбраната, па затоа гледавме и мал број на голови. Сепак во последните пет минути од првиот дел, екипата од Прилеп успева да поведе со два гола разлика и на полувреме да замине со водство од 5:7. Финалниот меч се играше во две полувремиња по 20 минути.

Вториот дел му припадна на РК Филип, кој успева за седум минути игра да направи серија од 1:5 и да поведе со највисоки 6:12. Повторно на голот го имаа расположениот Брајан Петкоски кој фати неколку зицер удари на РК Илинден. Во следните пет минути се игра гол за гол, што овозможува на Филип-Вардар да ја одржува предноста. На четири минути пред крај, Филип има недостижни 9:16, по што беше познат победникот на овој натпревар. Конечниот резултат гласеше  11:17. Џулиано Христоски и Давид Алексоски постигнаа по 4 голови кај победниците.

vardarfans-naslovna 15941033_1218792874834223_1973368966645853513_n 15941418_1218793451500832_3009564886582186882_n 15965541_1218792881500889_5356212590575898408_n 15977396_1218793448167499_6452314404065874610_n

Третото место е за екипата на РК Гостивар која во малото финале ја победи РК Урдаревски. Во првите десет минути игра, РК Урдаревски имаше водство од 3:5, но до крајот на првите 20 минути, избраниците на Селмани прават комплетен резултатски пресврт и на одмор заминуваат со предност од 9:7. Второто полувреме со гол го отвори Гостивар за водство од 10:7. Како одминуваше натпреварот, Гостивар се повеќе ја зголемуваше предноста и на пет минути пред крај имаше водство од 17:12. Последните три голови се дело на Урдаревски за ублажување на поразот и конечни 17:15. Бојан Давидоски е најефикасен кај победникот со 4 погодоци.

16003123_1218784171501760_39202208885042868_n 16105547_1218784174835093_3852840027633880407_n 16105560_1218784184835092_1457995475351572586_n 16105916_1218783968168447_6913169153076996884_n