Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Познати противниците на двете екипи на Жрк Вардар во купот и стартот на пролетниот дел од супер лигата во машка и женска конкуренција
Познати противниците на двете екипи на Жрк Вардар во купот и стартот на пролетниот дел од супер лигата во машка и женска конкуренција

Познати противниците на двете екипи на Жрк Вардар во купот и стартот на пролетниот дел од супер лигата во машка и женска конкуренција

Денес во седиштето на ракометната федерација на Македонија беа одредени термините на започнување на пролетниот дел од сезоната во машката и женската супер лига, како и двојките од четвртфиналето во купот на Македонија во женска конкуренција.

Пролетниот дел од ВИП машката супер лига ќе започне на 12/13 март со натпревари од 15 коло. Рк Вардар Јуниор предводен од Пепи Манасков во првото пролетно коло ќе се сретне со екипата на Пролет 62 и тоа во спортскиот ракометен центар Кале. Во следното коло гостуваме во Автокоманда на Рк Металург 2. Плејофот е предвиден да започне на 20/21 април. Што се однесува до Купот во машка конкуренција, групната фаза ќе се одигра на 16 и 17 април 2016 година, додека полуфиналните натпревари и финалето се закажани за 14 и 15 мај.

Женскиот дел од скопско-супер лигата, своето прво пролетно коло ќе го има на 26/27 март, каде ќе се одиграа преостанатите три кола, после кој ќе започне плејофот и тоа на 16/17 април. Моментално лидер во супер лигата е Жрк Вардар Јуниор со максимално освоени 27 бодови.  Воедно беа извлечени и двојките за 1/4 од купот на Македонија во женска конкуренција. Вардар Јуниор за противник ја доби екипата на Пелистер 2012, додека првиот тим на Жрк Вардар ќе игра против Овче Поле.

Овче Поле – Вардар
Вардар Јуниор – Пелистер 2012
Металург – Прилеп
Куманово – Ѓорче

Завршниот турнир на најдобрите четири екипи во националниот куп ќе се одигра на 7 и 8-ми мај. Дополнително ќе биде одреден домаќинот на завршниот куп турнир.