Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Познати противниците за Вардаровите пионери на турнирот во Грција

Познати противниците за Вардаровите пионери на турнирот во Грција

Во перидот од 7-11-ти април пионерите на ракометниот клуб Вардар ќе бидат дел од силен меѓународен турнир во Грција. Турнирот ќе се игра во Верија на 70 км од Солун, а истиот е “Вип“ односно за него се добиваат специјални покани. Веќе се одредени групите и противнциите за Вардарци. Тие се наоѓаат во групата Б заедно со екипите на Дикеас и Пилаиа и двете од Грција. Инаку екипите се поделени во четири групи од по три екипи, а учество ќе земат тимови како ПСЖ, Партизан од Белград, Загреб, Локомотива од Брчко, како и екипи од Грција. Ќе има и една посебна група каде ќе се натпреваруваат репрезентациите на Хрватска, Австрија, Израел, Грција, Романија и Босна и Херцеговина. Турнирот го отвараме на 8-ми април од 16:20 часот против екипата на Пилаиа, додека следниот ден играме против Дикеас во утринскиот термин од 08:00 часот. Понатаму продолжуваат првите две пласирани екипи, а доколку оди според планираното во полуфиналето би требало да играме со екипата на ПСЖ.

Вардар ја доби честа да учествува на една ваква организација, а нашите млади надежи се вброени во ТОП-5 најдобри пионерски екипи во Европа. Се надеваме дека истиот успех ќе го повторат од турнирот во Зрењанин, каде избраниците на Андријана Будимир го освоија првото место.