Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Се враќаат возбудувањата во ПМФЛ

Се враќаат возбудувањата во ПМФЛ

По еднонеделна пауза повторно се враќаат возбудувањата во ПМФЛ. Овој викенд на програмата е 24. коло во него шампионот на Македонија, тимот на Вардар, се среќава со градскиот ривал тимот на Работнички.

Овој натпревар нашиот тим го дочекува на првата позиција на првенствената табела со досега освоени 53 бодoви, нашиот противник се наоѓа на третата позиција на табелата со досега освоени 39. Овие два тима оваа сезона на два наврати ги одмерија силите, и двете екипи имаат по еден триумф. На првиот меч сезонава Вардар како домаќин го совлада Работнички со 1:0 со голот на Николов, на вториот меч одигран на 20.11.2016 тимот на Работнички победи со високи 3:0.

Се надеваме на една добра игра на нашиот тим и враќање за тешкиот пораз во ноември. Овој натпревар ќе биде одигран в недела со почеток во 15 часот.