Гоце Седлоски може да здивне. Еден од најдобрите играчи на Вардар, Хофханес Хамбарѕумјан не е сериозно повреден. Првичните информации беа загрижувачки околу нашиот играч но по направените прегледи во Германија тие се отфрлени, па така Хоф ќе паузира само околу 10-сетина дена.
Ова значи дека Хамбарѕумјан ќе го пропушти неделниот натпревар против Работнички и наредниот. На негово место во тимот на Вардар во овој момент на иста позиција игра Владица Брдаровски кој очекуваме да ја искористи оваа шанса.