Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Победа од Прилеп е противник за младите Вардаровите екипи во 15 првенствено коло

Победа од Прилеп е противник за младите Вардаровите екипи во 15 првенствено коло

Во сабота ќе се одигра 15 коло во првенството на младинските фудбалски категории, а противник за Вардарци ќе биде екипата на Прилеп. Пионерските екипи ќе гостуваат во Прилеп во термините од 11 и 13 часот, додека во исто време на теренот во населбата Јане Сандански своите натпревари ќе ги одиграат кадетите и младинците.

Доколку сакаат да ги одржат шансите за трофејот, трите бодови се неопходни за помладите пионери на гостувањето во Прилеп. Во есенскиот дел црвено-црните ја совладаа Победа со резултат 5:0. Екипата од Прилеп се наоѓа на десеттото место на табелата, со 13 освоени бодови или десет помалку од нашиот состав. Избраниците на Јанев имаат добра шанса со триумф да се искачат уште некое место погоре на табелата, каде е многу згуснато. Минатиот натпревар поради сипаници го пропуштија Давид Ристовски и Самир Хасиќ. Сеуште тренерот Јанев има проблеми со составување на екипата, но се надеваме дека ќе тргнат на подобро работите во оваа генерација.

Бодовите од ова коло се повеќе од неопходни и за пионерите кои заостануваат седум бодови од екипата на Шкупи, која е лидер на табелата. Нема веќе поправен за нашите пионери и секој изгубен бод во продолжение од сезоната може да ги чини губење на трофејот. Стрелецот на трите голови во есенскиот дел во победата тогаш над овој противник, Јакуп Бериша е прекомандуван да игра за кадетите на ФК Вардар и нема да биде на располагање за овој меч. Затоа во составот се враќа Филип Антовски кој имаше репрезентативни обрски со У-18 на турнирот во Рига. Според табелата, Вардар е фаворит и поблиску до освојување на бодовите.

Во минатото коло кадетите го доживеа првиот пролетен пораз од екипата на Милано и останаа на второто место на табелата, но сега со четири бода помалку од првопласираниот Работнички. Домашниот терен и квалитетот се на страната на Вардарци. Во првиот дел од сезоната, избраниците на Колев со цел плен се вратија од гостувањето во Прилеп, кога издвојуваа триумф со 1:2. Радува веста што во тимот се враќа Дејан Марковски кој ја одработи суспензијата од еден натпревар поради црвен картон, додека овој дуел ќе го пропуштат Дишлиевски, Скендерески, Тодоров и Манески.

Победата е императив и за нашите младинци, кои после нерешениот резултат во минататото коло ја немаат веќе предноста на табелата. Тие со Шкендија сега имаат ист број на бодови и влегоа во неизвесна борба за титулата. Прилепчани не би требало да претставуваат проблем за црвено-црните, кои треба да се вратат на победите во лигата. Немавме проблеми и на гостувањето во Приле, кога забележавме убедлив триумф. Во составот за овој меч се враќаат, Тодоровски и Колевски.