Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Познати се двојките во баражот, за пласман на СП во Германија и Данска во 2019 година
Познати се двојките во баражот, за пласман на СП во Германија и Данска во 2019 година

Познати се двојките во баражот, за пласман на СП во Германија и Данска во 2019 година

Со ждрепка беа одредени двојките за баражот, за пласман на Светското ракометно првенство, кое во 2019 година ќе се одигра во Германија и Данска. Македонија ја доби селекцијата на Романија, а првиот дуел ќе го одиграме на домашен терен од 8 до 10 јуни, додека реваншот е во Романија од 12 до 14 јуни. Познати се и другите двојки, а за нас интересни натпреварите на репрезентациите, за кои настапуваат играчи од Вардар. П

осебно внимание ќе има натпреварот помеѓу Хрватска и Црна Гора. За Хрватска дел од овој бараж меч треба да бидат Циндриќ и Карачиќ, додека Чупиќ стави крај на репрезентатвината кариера, додека во селекцијата на Црна Гора предводник би требало да биде Вуко Бороан, кој го пропушти ЕП во Хрватска. Тешка задача за пласман на СП ќе има Русија, за која играат Дибиров и Шишкарев, а нивниот тренерски тандем го сочинуваат Кокшаров и Дејвис. Тие за противник ја имаат шесттата селекција од ЕП, тоа е Чешка која сигурно беше најпријатното изненадување на ЕП. Под водсто на новиот тренерски двоец, Русија одигра одлично во квалификациската група, во која го освои првото место и шансите на двете селекции да го поминат баражот се подеднакви. Србија ја доби селекцијата на Португалија, а во составот на србите би требало повторно да биде Марсениќ, но и Абутовиќ кој му откажа на селекторот Цветковиќ на ЕП. Шпанија за која исто така настапуваат ракометари од Вардар ќе игра бараж меч против Холандија, само во случај да го загуби денешното финале на ЕП, против селекцијата на Шведска.