Вардар е на чекор од завршниот Ф-4 турнир во машката ракометна шампионска лига, пред нас останува само уште една пречка 1/4-финалниот двомеч со стариот должник, германски Флензбург. Европската ракометна куќа, ЕХФ во соработка со клубовите кои се 1/4-финалисти на ЕХФ Лигата на шампионите и ТВ куќите кои вршат пренос ги објави термините и саатниците за натпреварите од Топ-8 фазата.
Па така првиот натпревар меѓу Вардар и Флензбург во кои сме гости се игра на 22 април (сабота) во Фленс Арена во Флензбург во 17,30 часот. Реваншот е во С.Ц “Јане Сандански“-Скопје е закажан за на 27 април (четврток) со почеток во 19 часот.