Утре на програмата е новото 25. коло во ПМФЛ. Во него шампионот на Македонија, тимот на Вардар ќе гостува во Тетово кај тимот на Ренова. Вардарци овој натпревар го дочекуваат на првата позиција на табелата со досега освоени 56 бодови. Нашиот утрешен противник се наоѓа на шесттото место на табелата со досега освоен 31 бод.
Овие два тима оваа сезона на два наврати ги одерија силите. На 25.09.16 во Тетово резултатот заврши без голови 0:0, на вториот меч во Скопје нашиот тим победи со минимални 1:0 со голот на Дејан Блажевски во 78. минута од натпреварот. Вардарци последен пат во Тетово загубиле во 2014 година со резултат 2:0.
Очекуваме серијата на победи на нашиот тим да продолжи и на ова незгодно гостување во Тетово. Овој натпревар започнува со почеток во 16 часот.