ЕХФ ги одреди термините за 1/8 финалните натпревари во ракометната Лига на Шампиони.
Вардар ќе биде домаќин на првиот дуел против екипата на Веспрем, кој е закажан за 31.март во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 18:45 часот. Реваншот во Унгарија ќе се одигра на 6.април, во „Веспрем Арената“ во истата саатница.
Доколку Вардар го мине Веспрем, во 1/4 финалето ќе ги одмери силите со екипата на Алборг од Данска.