Претстојниве денови македонската фудбалска репрезентација до 16 години ќе гостува во Црна Гора каде ќе одигра контролни натпревари со соодветната репрезентација на оваа земја.
За овие натпревари селекторот Вујадин Станојковиќ повика и четири играчи од редовите на Вардар. Се работи за Нуман Ајетовиќ, Дарко Сековски, Алтин Алији и Стефан Младеновски.
Првиот дуел ќе биде одигран утре, со почеток во 14:00 часот. Два дена подоцна е закажана втората средба со почеток од 11:00 часот.