Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати термините на турнирот во Струга, Вардар отвара на 13.август, со дуел против Охрид
Познати термините на турнирот во Струга, Вардар отвара на 13.август, со дуел против Охрид

Познати термините на турнирот во Струга, Вардар отвара на 13.август, со дуел против Охрид

Организаторот на традиционалниот струшки турнир, ги објави термините на одигрување натпревари.

Вардар е дел од групата Б, во која се уште и екипите на Охрид, Бутел и Еурофарм Пелистер 2.

Турнирот на 12.август ќе го отворат екипите на Струга и Прилеп, дуел кој ќе стартува од 17:15 часот, додека во 18:45 часот е закажано и свечено отварање на турнирот, а после тоа ќе се одигра и дербито во групата, меѓу екипите на Металург и Еурофарм Пелистер.

Што се однесува до настапите на нашиот Шампион, истите стартуваат на 13.август. Екипата на Охрид ќе биде првиот противник на црвено-црните во подготвителниот период, натпревар кој ќе се одигра во вечерниот термин од 21:15 часот. Следниот ден, односно на 14.август не очекува и вториот меч на турнирот, против тимот на Еурофарм 2 (21:15 часот), додека групната фаза ќе ја затвориме со натпревар против екипата на Бутел, на 16.август, во истиот термин.

На последниот натпреварувачки ден ќе се одиграат мечевите за пласман. Екипите кои ќе го освојат првото место во групата, ќе играат во големото финале и ќе се борат за трофејот на турнирот во Струга.

117333504_2970997386363386_3455817354236041837_o