Екипата на Еурофарм Пелистер 2 е последниот учесник на завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија. Вчера вториот тим на битолчани славеа во финалето на 1/4 финалната група, против екипата на Прилеп (38:22) и на тој начин го комплетираа списокот на патници на Ф4 турнирот во Купот.
Од поодамна е познато, дека таму учество обезбедија и нашиот Вардар, потоа Еурофарм Пелистер и Бутел.