Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пред точно шест години, Вардар направи „чудо“ со елиминацијата на Европскиот Шампион, тимот на Хамбург
Пред точно шест години, Вардар направи „чудо“ со елиминацијата на Европскиот Шампион, тимот на Хамбург

Пред точно шест години, Вардар направи „чудо“ со елиминацијата на Европскиот Шампион, тимот на Хамбург

На денешен ден пред точно шест години, Вардар направи големо „чудо“ со елиминацијата на Европскиот Шампион, тимот на Хамбург.

Вардарци направија голема сензација на реваншот во Германија, откако првиот дуел одигран во Скопје заврши со нерешен резултат (28:28), во рамките на 1/8 финалето од Лигата на Шампионите. Црвено-црните славеа на овој дуел со резултат 29:30. Во првиот дел во неколку наврати имавме и водство од три погодоци, додека на полувреме заминавме со предност од 15:17.

Решавачкиот чекор кон големата победа, Вардар го направи во вториот дел кога со серија на голови, се одлепивме на највисоки 21:26. Оваа предност успеавме да ја сочуваме до самиот крај и да славиме голем триумф на теренот на Европскиот Шампион, што значеше пласман во осумте најдобри екипи.

Најефикасен на тој дуел во нашите редови беше Карачиќ кој постигна 8 голови, додека Филип Лазаров и Алекс Душебаев имаа по 6 погодоци. На голот блескаво издание имаше Ангелов, кој дуелот го заврши со 15 одбрани, како и одбранет седмерец на две минути пред крајот на натпреварот. Во составот на Хамбург настапуваа играчи како Дувњак, Кањелас, Хенс, Лацковиќ… Истава сезона бевме на прагот да направиме уште една сензација, во 1/4 финалето против Фленсбург, екипа од која бевме елиминирани само поради помалиот број на постигнати голови на гостински терен.