На денешен ден пред точно две години, ракометниот клуб Вардар успеа да ја освои и својата 12 титула во домашното првенство. На мечот кој се одигра во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните убедливо го победија тимот на Пролет и на едно коло пред крајот се стекнаа со недостижна разлика. После овој меч, вардарци ги добија и трофеите за освоената Супер лига.
Тоа беше последната сезона за Раул Гонзалез и Давид Дејвис, како кормилари во стручниот штаб на Вардар. Таа сезона успеавме да ја освоиме и СЕХА лигата, како и Купот на Македонија, додека на завршниот турнир во Келн се пласиравме на четвртото место.
Во сезоната 2017/18 дресот на Вардар го носеа играчи како Штербик, Циндриќ, Марсениќ, Кањелас, Мкаеда, Абутовиќ, Фереира….