Пред четири години, на 15.мај 2016, ФК Вардар со свечена цеременија ја отвори Академијата за млади фудбалски надежи зад источната трибина. Нашиот фудбалски клуб е прв во земјава со ваквов простор за идните фудбалери.
Истата ја отвори сопственикот на клубот г-н Сергеј Самсоненко, на отварањето присуствуваа и тогашниот градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, тренерите во младинските школи и други. Истата ја освети Г.Г Стефан арпископот охридски и македонски.
На свеченоста во својот говор г-н Самсоненко говореше за изградената инфраструктура за фудбалскиот клуб од негова страна и вети дека нема да застане тука и дека ќе гради и понатаму. Својот говор го заврши со реченицата “ Вардар еден живот, една љубов“ по што доби еуфоричен аплауз од присутните.