Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На денешен ден пред две години, по голема борба Киелце го елиминираше Вардар во 1/4 на ЛШ

На денешен ден пред две години, по голема борба Киелце го елиминираше Вардар во 1/4 на ЛШ

На денешен датум пред две години екипата на РК Вардар го играше реваш натпреварот од четврфиналето на лигата на шампиони, против екипата на Киелце. По голема борба во текот на сите 60 минути, тимот од Полска успеа да излезе како победник и да се пласира на завршниот турнир. На тој меч, Киелце славеше со резултат 33:31, откако влезе со предност од два гола, остварена на првиот натпревар во С.Ц. Јане Сандански. Тогаш противникот славеше минимално со резултат 20:22 и си ги зголеми шансите на реваншот пред својата публика.

Иако Киелце во најголем дел од натпреварот имаше водство, сепак Вардар наоѓаше сили да се врати во мечот и во неколку наврати да го израмни резултатот. Моменти на среќа и нијанси го одлучуваа победникот и на реваншот во Полска, каде на крајот славеа избраниците на Талант Душебаев. Тоа беше втора сезона, како што Вардар стигна до најдобрите осум екипи во Европа. Дали оваа сезона ќе биде среќна за избраниците на Раул Гонзалес ќе дознаеме за осум дена, кога во Јане Сандански го играме реваншот од четврфиналето против тимот на Фленсбург. Сите се надеваме на триумф и одмазда за елиминацијата од пред три сезони, кога за еден гол посреќен беше бундеслигашот, кон ни ја скрати можноста да играме на завршниот турнир во Келн.