Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Пред точно две години, Вардар го освои и четвртиот трофеј во СЕХА-лигата
(ВИДЕО) Пред точно две години, Вардар го освои и четвртиот трофеј во СЕХА-лигата

(ВИДЕО) Пред точно две години, Вардар го освои и четвртиот трофеј во СЕХА-лигата

На денешен ден пред точно две години, РК Вардар успеа да го освои и четвртиот трофеј во СЕХА-лигата. Пред две сезони, Скопје и СЦ. Јане Сандански беа домаќин на Ф4 турнирот во ова натпреварување, на кој играа екипите на Вардар, Загреб, Брест Мешков и Целје П.Л

Во големото финале, се сретнаа екипите на Вардар и ППД Загреб, а како победник излезе нашиот шампион. Загреб даде силен отпор, но сепак Вардар беше екипата која на крајот се радуваше на победата, која беше изразена со резултат 26:24. Кристопанс и Циндриќ со по 5 голови го предводеа Вардар кон нова титула, додека на голот Штербик имаше 8 успешни одбрана.

Третото место го освои Целје, кој за бронзата ја победи екипата на Брест Мешков. Во полуфиналето, црвено-црните убедливо го победија белорускиот шампион. Во идеалниот тим се најдоа четворица играчи на Вардар, а Лука Циндриќ беше прогласен за МВП на завршниот турнир во СЕХА-лигата. Штербик е најдобар голман, Дибиров е најдобро лево крило, Циндриќ е најдобриот среден бек, додека Абутовиќ доби признание за најдобар дефанзивец.

Погледнете ги најинтересните моменти од големото финале