Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ацо Стојков беше најдобар стрелец на Вардар во сезоната 2013/14, во која црвено-црниот дрес го носеа познати имиња
Ацо Стојков беше најдобар стрелец на Вардар во сезоната 2013/14, во која црвено-црниот дрес го носеа познати имиња

Ацо Стојков беше најдобар стрелец на Вардар во сезоната 2013/14, во која црвено-црниот дрес го носеа познати имиња

Од денес на нашиот медиум ќе започнеме со преглед на последните седум сезони за фудбалскиот клуб Вардар. Кој се го носел црвено-црниот дрес, кој се запишувал во листата на стрелци и на кое место сме финиширале на табелата во ПМФЛ. Започнуваме со натпреварувачката сезона 2013/2014, во која Вардар го освои 5.место.  Таа сезона во која нашиот градски ривал успеа да стане Шампион на Македонија, Вардар собра 56 бодови, или 6 помалку од екипата на Работнички. Црвено-црните остварија 15 победи, 11 нерешени резултати и 7 порази. Постигнавме вкупно 57 голови, додека примивме 32 погодоци во нашата мрежа.

Во таа сезона бевме предводени на клупата од русинот, Сергеј Андреев, а најдобар стрелец на Вардар беше Ацо Стојков, кој се уште е во активна играчка кариера, настапувајќи за екипата на Осогово во Втората Македонска Лига. Во составот на Вардар беа играчи како Таневски и Бојовиќ, кои оваа сезона се дел од стручниот штаб на Вардар, како помошници на Васовски. Дресот таа сезона го носеле уште и Филип Ивановски, кој работи како тренер во Академијата на клубот, како и Филип Деспотовски кој минатата сезона освои двојна круна со генерацијата 2003. Познати имиња биле дел од Вардар во сезоната 2013/14, а како што рековме, Стојков беше најдобар стрелец по завршување на истата.

Ова се сите играчи кои таа сезона се запишуваа во листата на стрелци, односно кои ги постигнаа сите 57 голови за Вардар:

1. Ацо Стојков  11

2. Филип Петров  9

3. Јасир Асани  7

4. Един Адемовиќ  6

5. Јован Костовски 4

6. Влатко Грозданоски, Филип Деспотовски и Филип Ивановски по 3

7. Антонио Бујчевски, Илчо Наумовски и Златко Таневски по 2

8. Раденко Бојовиќ, Димитрија Лазаревски, Александар Петровиќ, Стеван Релиќ и Хименез Артунедо Хорхе по 1 гол.

bojke-600x330

Таа сезона дресот на Вардар го носеа следниве играчи: Един Адемовиќ, Јасир Асани, Андреј Ацевски, Мартин Блажевски, Раденко Бојовиќ, Антонио Бујчевски, Влатко Грозданоски, Филип Деспотовски, Владимир Димитровски, Драган Ѓорѓиев, Ѓорѓи Заревски, Костадин Захов, Димитар Иванов, Филип Ивановски, Филип Јаневски, Мирослав Јованоски, Јован Костовски, Димитрија Лазаревски, Анеј Ловречиќ, Роберт Митев, Илчо Наумовски, Игор Павловиќ, Филип Петров, Александар Петровиќ, Стеван Релиќ, Борјан Ристовски, Мирко Симјановски, Жарко Симјановски, Филип Стојановски, Ацо Стојков, Стојан Стојчевски, Златко Таневски, Александар Темелков, Александар Трниниќ, Хименез Артунедо Хорхе и Мите Цикарски. 

Главен тренер: Сергеј Андреев

Помошен тренер: Благоја Милевски