На овој датум пред точно две години, Вардар за прв пат успеа да испише историја и да ја освои Европската титула. Во големото финале тогаш, за еден гол бевме подобри од екипата на ПСЖ (24:23), а златниот гол вреден трофеј во последните секунди го постигна Иван Чупиќ. Во тој состав беа играчи како Штербик, Циндриќ, Македа, Абутовиќ, Марсениќ, Кањелас и други, кои успеа со Вардар да ја подигнат Европската титула, а беа предводени од Раул Гонзалез
После две години, Вардар под водство на Гарсија Парондо успева да го повтори успехот и повторно да ја покори Европа. Изминатиов викенд на завршниот турнир во Келн. црвено-црните добија уште едно финале, овој пат против Веспрем.
Кој знае, можеби и во следните години ќе ги повторуваме овие успеси и на истиве датуми ќе испишуваме нова ракометна „бајка“.