Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На денешен ден пред една година, Вардар испиша историја и се пласира на Ф4 во Келн
На денешен ден пред една година, Вардар испиша историја и се пласира на Ф4 во Келн

На денешен ден пред една година, Вардар испиша историја и се пласира на Ф4 во Келн

На денешен ден пред една година, РК Вардар испиша историја и за прв пат успеа да се пласира на завршниот турнир во Келн. Избраниците на Гонзалез на реваншот во Јане Сандански по втор пат во четвртфиналето ја победија екипата на Фленсбург и тоа многу убедливо со резултат 35:27 и го визираа патот кон Келн, каде подоцна успеаа да ја освојат и Европската титула.

Со предност од два гола го стартувавме реванш натпреварот во Скопје, откако триумфиравме и на првиот дуел во Германија. Одигравме перфектен меч пред нашата публика и целосно го надигравме противникот. Самиот резултат говори за доминацијата на овој дуел, а Вардар заслужено се најде меѓу четирите најдобри екипи. Најефикасни на тој натпревар беа Циндриќ со 7, додека Душебаев и Шишкарев додадоа по 5 голови.

1926

На Вардар му лежат “германските екипи“. Само за потсетување пред четири години во четвртфиналето го елиминиравме тогашниот актуелен шампион на Европа, екипата на Хамбург, минатата сезона како што напоменавме го “исфрливме“ Фленсбург, а сега сме на добар пат да елиминираме уште една екипа од Бундеслигата,а тоа е Кил која важи за најтрофејна во своето првенство и која ја има освоено Лигата на Шампионите.