Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи гостуваат во Струмица, кадетите и младинците домаќини на екипата на А.Пандев
Пионерските екипи гостуваат во Струмица, кадетите и младинците домаќини на екипата на А.Пандев

Пионерските екипи гостуваат во Струмица, кадетите и младинците домаќини на екипата на А.Пандев

Претстојниов викенд активно ќе биде 22 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник ќе ни биде екипата на Академија Пандев. Пионерските екипи во сабота ќе гостуваат во Струмица, во термините од 10 и 12 часот, додека кадетите и младинците во недела во истите термини се домаќини на теренот на Академијата.

Помладите пионери се веќе промовирани во нови шампиони во генерацијата родени “2002“ година, со оглед дека имаат недостижни 20 бодови повеќе од екипата на Шкендија, која високо ја поразивме на домашен терен во минатото коло. Натпревар кој нема резултатско значење за избраниците на Рап-Тап кои имаат императив да бидат единствената младинска екипа која сезоната ќе ја заврши без пораз во првенството. Претходно ги добивме двата дуели со овој противник и тоа со идентичен резултат од 4:2, со по еден меч одигран на домашен и гостински терен. Во средата, нашите надежи го загубија првиот полуфинален дуел во купот против Работнички, па ќе видиме дали силите ќе се чуваат за овој реванш дуел, кој треба да го одиграме на гостински терен, или пак и во Струмица ќе излеземе со најсилниот состав и ќе атакуваме на трите бодови.

Пионерите на Вардар исто така имаат позитивен биланс во дуелите со А.Пандев во оваа натпреварувачка сезона. На истиов терен каде во сабота ќе гостуваме, во есенскиот дел од сезоната црвено-црните се вратија во Скопје со триумф, откако славеа со резултат 1:3, додека на домашен терен бевме убедливо исто така и победивме со 3:0. Вардаровите пионери се со изгубени шанси за титулата, а мечот против Пандевци ќе биде значаен од психолошки аспект за ибраниците на Ѓорѓиески за да се залечат “раните“ од високиот пораз против Шкендија во минатото коло. Мислите се главно насочени кон реванш натпреварот од полуфиналето на купот, каде во Битола треба да го сочуваме минималното водство во дуелот со екипата на Пелистер.

После двата последователни порази во дерби дуелите со екипите на Работнички и Шкендија, кадетите на Вардар ги загубија шансите за трофејот, па до крајот на сезоната останува борбата за вицешампионското место. Избраницити на Колев ќе се обидат да стигнат и до третиот последователен триумф во дуелите со струмичани. Во есенскиот дел на истиов терен минимално победивме со 1:0, додека на гостувањето во Струмица бевме уште поголгетерски расположени и славевме со резултат 0:3.

Во минатото коло, вардаровите младинци убедиво ја победија екипата на Шкендија во дербито, па во добра атмосфера го дочекуваат и неделното дерби против тимот на Академија Пандев. Во есенскиот дел, црвено-црните беа надмоќни во дуелот со противникот и славеа со резултат 5:1, додека на гостувањето во Струмица подобри беа А.Пандев кои триумфираа со резултат 2:0. Очекуваме нова добра игра и победа за младинците во ова коло.