Екипата на Кил стигна до шесттата последователна победа во бундеслигата, откако вечерва славеа на гостувањето кај Лајпциг. Избраниците на Гисласон со триумф доаѓаат во Скопје, откако славеа со резултат 16:28.
По првите пет минути се играше гол за гол на двете страни, се до резултат 4:4, кога тимот на Кил постигна пет последователни голови и се одлепи резултатски на 4:9. “Зебрите“ демонстрираа одлична одбрана на овој дуел, па како се ближеше првото полувреме го зголемуваа резултатот за во еден момент да имаат високо водство од 6:13. До истекот на првите 30 минути, Кил имаше солидно водство од 8:14.
Второто полувреме започна со гол на Лајпциг, но Кил повторно е во серија од пет последователни погодоци, со кои во 39 минута стигна до двоцифрена предност од 9:19 и веќе го реши победникот на овој дуел. По десет минути игра во вториот дел домашниот тим го постигна вториот гол на овој натпревар, што говори за добрата одбрана на Кил на овој дуел. По 22 минути игра во вториот дел “зебрите“ примија само четири голови, кога резултатот гласеше 12:23. Последните минути беа рутина за Кил, кои славеа со резултат 16:28.
Ова беше шестта последователна победа за Кил во најсилната лига, откако претходно славеа во дуелите со Ерланген, Рајн-Некар, Гумерсбах, Лудвигсхафен и Фуксе Берлин. Реваншот против Вардар се игра во недела, во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17:00 часот, а црвено-црните ќе го започнат мечот со еден гол предност.