Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед на сезоната во регионалната лига за ЖРК Вардар, кој успеа да го одбрани трофејот во ова натпреварување
Преглед на сезоната во регионалната лига за ЖРК Вардар, кој успеа да го одбрани трофејот во ова натпреварување

Преглед на сезоната во регионалната лига за ЖРК Вардар, кој успеа да го одбрани трофејот во ова натпреварување

Вардарки втора последователна сезона успеаа да ја освојат регионалната лига. Со турнирот кој изминативе три дена се играше во Подгорица заврши уште една сезона во ова натпреварување. Во неа се натпреваруваа само три екипи, со оглед дека тимот на Подравка од Хрватска откажа на почетокот на сезоната, па Вардар, Будуќност и Крим беа единствените учесници во регионалната лига. Се одиграа вкупно пет турнири, а првото место на крајот го освоија црвено-црните. Тие имаа осум победи, еден нерешен резултат и само еден пораз и тоа на последниот меч против екипата на Крим, натпревар кој се одигра во текот на вчерашниот ден. Нерешениот резултат беше на претпоследниот турнир одигран во Јане Сандански, на кој Вардар и Будуќност ги поделија бодовите. Мечевите од регионалната лига ни послужија за воигрување и како еден вид подготовка за натпреварите во Лигата на Шампионите.

Ова се сите постигнати резултати на ЖРК Вардар во регионалната лига за оваа натпреварувачка сезона:

РК Крим Меркатор - Вардар 34:29

Будуќност - Вардар 26:27

Вардар – Будуќност 25:25

Вардар – РК Крим Меркатор 32:31

РК Крим Меркатор – Вардар 24:25

Вардар – Будуќност 31:24

Вардар – Будуќност 21:20

РК Крим Меркатор – Вардар 29:32

Вардар – РК Крим Меркатор 30:27

-Будуќност – Вардар  22:24