Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пабло Симонет пред потпис со РК Вардар
Пабло Симонет пред потпис со РК Вардар

Пабло Симонет пред потпис со РК Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар продолжува да ги разгледува сите опции во обидот да изгради што подобра екипа за новата натпреварувачка сезона. Откако стана јасно дека актуелниот Европски шампион ќе има респектабилен тим и во новата сезона, така и почнаа да растат амбициите кај играчите за доаѓање во ,,црвено – црните” редови.

Во овој момент Вардар е најдефицитарен на позиција среден бек. Откако стана јасно дека нема ништо од Мигуел Мартинс Соареш и Артем Кулак, Вардар се насочи кон доведување на нов организатор на играта.

Според шпанскиот ракометен портал „handball100x100“, Управата на РК Вардар е блиску до договор со аргентинскиот репрезентативец Пабло Симонет. Пабло иако има договор со Сиудад Енкантада, e блиску до нашиот дрес.

Се работи за подвижен среден бек кој има (28) години и е брат на Диего Симонет од Монпелје кој како што е познато го има прекарот „ракометниот Меси“.

Во меѓувреме, запознајте се со квалитетите на овој играч: