На денешен ден пред три години, 2017 на меч без резултатско значење, од последното коло одигран во Ѓорче Петров, нашиот ,,црвено-црн” тим одигра почетни 0-0 со ФК Силекс. Овој дуел го обележаа два моменти, доделувањето на 11.титула и простувањето на Влатко Грозданоски од црвено-црниот дрес. Поточно тој ден двајца играчи се простија од Вардар.
Се работи за легендата, Влатко Грозданоски кој има има 144 настапи во црвено-црниот дрес, како и Благоја Љамчески кој мина три години во редовите на Вардар. И двајцата освоија по три трофеи со екипата на Вардар. Клубот им се заблагодари за нивниот придонес за екипата и им посака се најдобро понатаму во нивниот живот. Грозданоски несомнено остави голем печат во црвено-црниот тим низ годините во кои настапуваше.