Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нека се повтори и денес историјата, Вардар пред точно шест години стана првиот освојувач на СЕХА-лигата
Нека се повтори и денес историјата, Вардар пред точно шест години стана првиот освојувач на СЕХА-лигата

Нека се повтори и денес историјата, Вардар пред точно шест години стана првиот освојувач на СЕХА-лигата

Пред точно шест години на овој датум, екипата на РК Вардар стана првиот освојувач на СЕХА-лигата, откако триумфираше на завршниот турнир кој се играше во Загреб. Таа година црвено-црните кои беа предводени од Веселин Вујовиќ во големото финале го победија тимот на Металург (21:18) и на тој начин влегоа во историјата на СЕХА-лигата, како тим кој прв го подигнал трофејот во ова натпреварување.

Вардар во најголем дел од мечот имаше негатива против тимот од Автокоманда, на полувреме се замина со нивно водство од 12:10. На стартот на вториот дел предноста на Металург порасна до 15:10, но тоа беше се што успеаа да сторат во ова финале. Во последните 25 минути, противникот постигна само три голови, наспротив Вардар кој направи целосен резултатски пресврт и на крајот славеше со резултат 21:18.

Од тој дуел во денешниот состав се наоѓаат Милиќ, Стоилов, Карачиќ и Абутовиќ

Дали историјата ќе се повтори и денес, овој пат пред нашата публика во големото финале играме против екипата на ППД Загреб, каде се бориме да го освоиме четвртиот трофеј.