Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова: Денешниот натпревар беше со големи емоции – Лекиќ: Ќе ни недостигаат салата, клубот и градот
Дибирова: Денешниот натпревар беше со големи емоции – Лекиќ: Ќе ни недостигаат салата, клубот и градот

Дибирова: Денешниот натпревар беше со големи емоции – Лекиќ: Ќе ни недостигаат салата, клубот и градот

Вардарки и по петти пат ќе играат на завршниот турнир во Будимпешта, откако вечерва го потврдија пласманот во четирите најдобри екипи, совладувајќи го по втор пат тимот на Митјиланд. За разлика од првиот меч одигран во Данска, во нашата арена црвено-црните доминираа и на крајот високо триумфираа со резултат 32:25. Ова беше емоционален дуел за оваа генерација која го одигра последниот натпревар пред својата публика. Ракометарките не ги издржаа солзите, така беше и на прес-конференцијат на која се обрати тренерот, Ирина Дибирова.

-Денешниот натпревар беше со големи емоции. Ракометарките сакаа да ги израдуваат фановите. Во првото полувреме единствената ракометарка која ни направи проблеми беше Вероника Кристијансен. Знаевме дека мораме да се пласираме на фајнл-фор. Го чекавме овој натпревар и ова четврт-финале. Горда сум на моите ракометарки и сега можеме да се фокусираме на натпреварите во Будимпешта.

Лекиќ беше наша најефикасна ракометарка постигнувајќи 7 голови. Андреа истакна дека ќе и недостасува клубот и животот во Скопје.

Посебен меч за нас. Мислам дека Митјиланд одигра добро во првиот меч и тука на стартот од средбата. Ќе биде навистина тешко во следната година. Ќе ни недостига и салата, и клубот и градот. Се навикнавме на овој живот овде. Ќе имаме голем мотив и желба во Будимпешта и ќе се потрудиме да направиме одличен завршен турнир во Лигата на шампионите